earphone-patent-800x611

Сигурно повеќе пати ви се случило да ја споделите музиката од телефонот со некој друг слушател, односно да му дадете една слушалка за да уживате заедно во омилените песни.

Сепак, ваквото решение често значеше дека нема да ја слушате песната во целост, поради тоа што би слушале само еден канал од стерео звукот, каков што имаат скоро сите песни што ги знаеме. Ова значи дека доколку има две гитари, на едната слушалка би ја слушале само едната гитара.

Apple ќе се обиде да го подобри тоа со нови слушалки, кои ќе знаат кога ги користат двајца слушатели. За ова, делот каде се делат двете слушалки, кој има “Y” облик ќе има специјални механички сензори, или пак оптички кабли, кои ќе ја одредат раширеноста на двата кабли кои излегуваат нагоре.

Кога ќе се случи тоа, слушалките ќе го претворат звукот од стерео во моно, што ќе овозможи многу подобро слушачко искуство на само една слушалка, односно и двајцата слушатели ќе го слушаат апсолутно истиот звук.

Покрај тоа, ова решение може да се искористи двајцата слушатели да слушаат и целосно различни песни, што ја убива намената на заедничкото слушање, но, можноста е секако присутна.

Сето ова делува навистина интересно и изгледа како да може лесно да се имплементира во најновите слушалки за iPhone на пример, но овој патент е од 2012 година, што значи дека од Apple немаа такви планови.

Извор: MacRumors

Претходна статијаOppo претстави два елегантни телефони од средната класа
Следна статијаWindows 10 Mobile ќе биде достапен од крајот на Септември?