Наскоро литиум јонските батерии во нашите паметни телефони, таблети, лаптопи и електрични автомобили, веројатно ќе ги замениме со цврсти стаклени батерии. Новата технологија ќе донесе многу поголем капацитет во иста големина на батеријата, што може да има голем импакт на пазарот.

Интересно, зад новите батерии стои токму пронаоѓачот на литиум јонските батерии, Џон Гудену. Тој, во соработка со Марија Хелена Брага, создал батерија која користи стакло во цврста состојба како електролит.

Благодарение на тоа што оваа батерија е цврста, се решаваат многу од проблемите со литиум јонските батерии, како на пример опасноста од протекување и експлозија. Според Џон и Марија, новите батерии немаат никаква опасност од експлозија и се целосно безбедни за употреба.

Исто така, овие батерии се помалку штетни кон околината – литиум јонските батерии се особено лоши за почвата. Тие имаат и малку подолг век на траење – 1.200 циклуси на целосно празнење/полнење, а можат да работат и на ниски -20 степени.

Веројатно најважно, овие батерии имаат и многу поголема густина, односно поголем капацитет за ист волумен во споредба со литиум јонските. Ова значи дека теоретска батерија со големина на литиум јонска од 3.000 mAh, би имала 9.000 mAh. Новите „стаклени“ батерии би се полнеле и само за неколку минути – литиум јонските и натаму се полнат предолго.

Ова е дефинитивно исполнување на сонот на скоро сите корисници на преносни уреди и особено значајно за напредокот на електричните возила, кои во овој случај би можеле да имаат многу поголема автономија на возење.

Оваа технологија е само една од многу различни технологии кои се развиваат во моментов, а кои ветуваат зголемување на капацитетот на батериите во иднина.

Извор: PC World, Engadget, Fortune

Претходна статијаProTruly Darling е смартфон со дијаманти и камера за виртуелно 360 видео
Следна статијаGoogle потврди дека работи на Pixel 2 телефони кои ќе пристигнат оваа есен