Lucid Air е можеби најголемиот конкурент на популарниот Model S од Tesla.  Можеби сето тоа и не е баш случајно знаејќи го фактот дека Lucid Motor е стартап компанија од Калифорнија која е основана од страна на поранешен потпретседател и член на одборот на Tesla. Знаејќи го ова не е тешко да се претпостави дека се работи за електричен седан кој е создаден за долги патувања.

Првата споредба со моделот на Tesla би била должината на километри која може овој автомобил да ја помине со едно полнење на батеријата. Тоа се неверојатни 645 километри наспроти 500+ километри кај Model S. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час е само 2,5 секунди. Овој спортски ориентиран електричен автомобил со луксузна внатрешност се очекува да го види светлото на денот некаде во 2018 година.

Од оваа компанија велат дека Air моделот ќе биде придвижуван од страна на два електрични мотори, кои се поставени на двете оски на предните и задните тркала. Овие мотори ќе овозможат огромни 1.000 коњски сили.

Внатрешноста на ова возило се очекува да биде на нивото на најлуксузните автомобили од неговата класа. Со искористувањето на секој милиметар во внатрешноста, на патниците им нуди максимална комфорност која е искомбинирана со сончев панорамски кров.

За крај, вреди да се напомене и тоа што Lucid Air ќе биде и автономен автомобил. Ова ќе биде овозможено од страна на шест радар модули, осум камери и четири сензори.

Извор: Cnet, LucidMotors, BusinessInsider

Претходна статијаБил Гејтс формира фонд преку кој ќе се инвестираат една милијарда долари во зелена енергија
Следна статијаMicrosoft Edge ќе блокира Flash содржина, но ќе ви даде опција да ја активирате