Дури и во моментов, кај нас 4G мрежите имаат побрз интернет од домашните интернет пакети. Да, за ова се криви ниските брзини на домашните пакети, но во развиените земји веќе е широко достапен интернет со преку 100 Mbps. Сепак, отсега LTE модемите во нашите смартфони и преносни уреди ќе нудат уште повисоки брзини, над 1 Gbps, со што за прв пат ги надминуваат модемите наменети за домашна интернет конекција.

Две компании веќе лансираа такви модеми – водечкиот Qualcomm го претстави својот X20 LTE модем кој поддржува брзини до вртоглави 1,2 Gbps, додека Intel го претстави XMM 7560 LTE модемот, кој поддржува брзини до 1 Gbps. Ова значи дека во иднина на нашите паметни телефони ќе имаме брзини на интернет какви што сме немале ниту дома.

Сепак, сето ова ќе падне во вода ако операторите продолжат да нудат смешно мали пакети за интернет. Со овие брзини, 5 GB се надминуваат за само неколку минути. Исто така, операторите засега не се спремни за овие брзини, иако модемите наскоро ќе почнат да се вградуваат во уредите. Очекувајте дека ќе поминат неколку години пред да ги видиме ваквите брзини, а може и повеќе од неколку кај нас.

Многумина од вас веќе се запрашаа дали е воопшто потребно да имаме толкави брзини во нашите смартфони и се сложувам, не е. Сепак, ваквите LTE модеми ќе почнат да се вградуваат и во таблет/лаптопите со Windows, како и во професионалните iPad Pro таблети на Apple и тука високите брзини ви имале вистинска намена.

Извор: PC World, Engadget, Forbes

Претходна статијаMicrosoft спрема нова надградба за Windows 10, која ќе пристигне подоцна годинава
Следна статијаНови фотографии од Galaxy S8 со вклучен дисплеј го покажуваат во најдобро светло досега