Годинава Xiaomi е во особена офанзива на пазарот, што според информациите резултира со покачување на продажбата и профитот. Најзаслужни за ова се нивните смартфони од средната класа, кои нудат високи перформанси и можности, по многу ниски цени.

Одличен пример за тоа е новиот Xiaomi Mi 5X, кој дури има и двојна камера во задниот дел, за цена од само 220 долари во Кина (би требало да биде околу 10-15% повисока кај нас).

Mi 5X е 5,5 инчен смартфон со Full HD резолуција, што е одлична вест, бидејќи на таа големина и нема да се гледаат пикселите. За пофалба е и тоа што внатре е вграден Snapdragon 625 процесорот, кој нуди солидни перформанси и исклучително висока штедливост, што заедно со батеријата од 3.080 mAh, би можело да значи и помало користење на полначот. Целиот позитивен впечаток го заокружува количината на рам меморијата од 4 GB и просторот од 64 GB, кој може да се прошири преку micro SD картичка.

Најголем адут на Mi 5X сепак е задната камера, поточно, задните камери. Како и кај знаменосецот Mi 6 и тука едната е поширока, додека другата е потесна, односно со повеќе зум. Заедно, двете камери можат да направат ефект на плиток фокус, односно да ја „замачкаат“ позадината при портрет фотографии. Скоро целосно исто на можностите кои ги има и iPhone 7 Plus, како кој Mi 5X има и прилично сличен дизајн. Предната камера пак има 5 мегапиксели, што е прилично стандардно во класата.

Покрај Mi 5X, Xiaomi претстави и паметен безжичен звучник, кој ќе користи дигитален асистент развиен од компанијата. Неговата цена ќе изнесува само 44 долари, што е многу помалку од конкуренцијата и дури и помалку од некои „непаметни“ Bluetooth звучници. За жал, овој звучник не го очекувајте кај нас – дигиталниот асистент работи само на кинески и веројатно ќе помине подолго време пред тој да биде достапен на некој друг јазик.

Извор: PhoneDog, NDTV, Android Police

Претходна статијаFacebook сака да ве „шпионира“ преку предната (веб) камера
Следна статијаРеконструкција и изградба на патишта, времен режим на сообраќај, црни точки – закана за безбедноста во сообраќајот