vivo-elite (4)

Многумина од вас веројатно имаат 4 GB рам меморија во вашите компјутери или лаптопи, но технологијата стигна дотаму што сега има и смартфон со повеќе меморија – кинескиот производител Vivo претстави паметен телефон со 6 GB  LPDDR 4 рам меморија.

X Play 5 Elite е исклучително моќен смартфон – покрај рамот, за процесор е избран новиот, супер моќен Snapdragon 820 на Qualcomm, додека во телефонот е вграден и 128GB простор за податоци. Super AMOLED дисплејот има големина од 5,43 инчи, Quad HD резолуција (2560х1440 пиксели) и е делумно закривен на страните, како Edge серијата на Samsung.

vivo-elite (1)

Изработката на моделот е од алуминиум, што прави телефонот да изгледа луксузно, а и дизајнот е прилично модерен и допадлив. Во задниот дел е вграден и читач за отпечатоци на прстите, како и камера со сензор од Sony со 16 мегапиксели, додека во предниот дел е вградена камера со 8 мегапиксели.

Батеријата има капацитет од 3.600 mAh, што е капацитет кој треба без проблем да овозможи енергија за цел ден користење на моќните компоненти. Цената на Elite моделот изнесува 655 долари, што е високо за кинески уред, но веројатно може да се проголта со оглед на врвните спецификации.

vivo-elite (5)

Но, што за крајниот корисник значи толку рам меморија? Во основа, телефонот нема да биде побрз од останатите Android уреди со Snapdragon 820, со таа разлика што ќе може да чува многу повеќе апликации отворени, без да има потреба од повторно освежување кога корисникот ќе се врати на нив. На пример, доколку паузирате игра, таа ќе остане паузирана и ќе може да се вратите веднаш на неа, дури и ако после паузата сте отвориле многу други апликации.

X Play 5 Elite е придружен и од поевтиниот модел X Play 5, кој изгледа подеднакво однадвор, има ист дисплеј, камери и простор за податоци (128 GB), но има Snapdragon 652 процесор со осум јадра и „само“ 4 GB рам меморија. Цената на овој уред ќе изнесува 565 долари, повторно, прилично високо за кинески уред.

vivo-elite (3)

Засега, овие два смартфони на Vivo ќе бидат достапни само во Кина и сеуште нема информации за тоа дали ќе бидат понудени и на другите пазари. Сепак, со оглед на тоа што Elite моделот е прв смартфон во светот со 6 GB рам меморија и според тоа ќе има висока побарувачка за него, секако дека очекуваме.

vivo-elite (2)

Извор: Engadget, GSMArena, Android Headlines

Претходна статијаНовите постпејд Smart тарифи на Македонски Телеком со неограничени разговори и СМС пораки
Следна статијаНов патент од Apple најавува флексибилен iPhone