Nokia после долго време под капата на Microsoft и сега веќе неуспешниот Windows Mobile, конечно се врати како посебен бренд, кој работи на Android оперативниот систем. Тие оваа година претставија 3 модели од пониската и средна класа, а за до крајот на годината се очекуваат уште неколку модели, од коишто барем еден конечно од високата класа.

Моделите коишто ги очекуваме до крајот на годината се очекува да ги носат ознаките Nokia 7, 8 и 9. Последниот е тој којшто треба да биде од високата класа, телефон којшто се очекува вистински да ги врати Nokia на пазарот, односно повеќе од љубопитноста која ја предизвикуваат сега.

Како потврда дека новите модели се спремаат, дојде видео објавено на Vimeo мрежата, кое после кратко време беше тргнато, очекувано. Видеото беше поставено од фотограф којшто подолго време работи за Nokia, а сега ја продолжува соработката со новиот сопственик на брендот, HMD Global.

Благодарение на познатиот Еван Блас, односно @Evleaks, видеото е достапно преку неговиот Twitter профил и може да се погледне.

На видеото се гледаат неколку Nokia телефони, од коишто повеќето се веќе претставените. Меѓутоа, дел од нив се гледа дека се нови модели, а посебно поради двојната задна камера на едниот од моделите.

Се верува дека тоа е Nokia 9, телефон којшто покрај двојните камера, ќе ги има сите најнови компоненти моментално достапни на пазарот.

Фактот што видеото беше објавено од страна на официјален соработник на компанијата, а истото веќе е тргнато, само додава на значењето на тоа што може да се види.

Извор: PhoneDog, VB, T3, TechRadar

Претходна статијаGoogle Maps добива помош од Street View во делот за навигација
Следна статијаAMD Ryzen 9 ќе биде одговор на Core i9 и ќе има 16 јадра
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.