Xperia_C3_overlay_700_recentred-ab9cd052437b94921c06183af7bf66c4-540x473

Сликањето selfie слики веќе на бара објаснување, а станува се попопуларно не само кај помладата генерација која што обично е склона кон вакви појави. Поради тоа не изненадува што одредени производители почнаа да вклучуваат подобри предни камери со повеќе мегапиксели од стандардните за нив, наместо тоа да биде карактеристично само за главните задни камери. Зборот selfie од минатата година и официјално е дел од Oxford English Dictionary, што покажува за масовноста на појавата, а со тоа и користењето на зборот.

Sony со нивниот најнов модел Xperia C3 ќе се обиде дополнително да ги привлече корисниците кои што сакаат самите да се сликаат. Овој модел покрај тоа што вклучува предна камера со 5 мегапиксели, истиот е прв кој што вклучува и flash на предната страна. Со ова корисниците ќе можат да сликаат многу поквалитетни selfie слики и во ситуации кога осветлувањето е помало. Камерата исто така доаѓа со широк агол на сликање со 80 степени поле на гледање. Корисниците ќе можат да ги менуваат сликите преку поголемиот број на вградени филтри и други можности за нивна измена. Сликањето на selfie сликите може да се прави со двојно притискање на задниот дел од телефонот или преку вклучување на детекторот на насмевки, што треба да го направи сликање многу полесно. Главната задна камера доаѓа со 8 мегапиксели.

4_Xperia_C3_White_Design

Од другите карактеристики, Xperia C3 доаѓа со 5.5 инчен HD екран со резолуција од 1280×720 пиксели. Работи на Snapdragon 400 чипсетот кој што го вклучува четири јадрениот Cortex – A7 1.2GHz процесор и Adreno 305 графички процесор. Доаѓа со 1GB RAM меморија, како и 8GB вградена меморија со можност за нејзино проширување со SD картица до 32GB. Работи на Android 4.4.2 KitKat.

Sony Xperia C3 ќе почне да се продава во Кина од Август, по што треба постепено да стане достапен и во остатокот од светот. Во одредени земји телефонот ќе доаѓа во dual SIM верзија со што корисниците ќе можат да поврзат две картички.

Извор: Sony

Претходна статијаПроизводи од Microsoft на кои што им истекува поддршката
Следна статијаПробајте ја новата тастатура од Android L како посебна апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.