phone-1503703_640

Со појавата на смартфоните започна една нова ера во сферата на технологијата, а со нивната масовна комерцијализација започна и нова ера во животот на човекот. Користењето на смартфон стана неизбежен и примарен дел од секојдневието на еден човек, нешто без кое човекот не може да одржи контакт со социјалниот свет. Но тука се раѓа и првиот главен проблем, а тоа е колку време можете да го користите вашиот смартфон во текот на целиот ден само со едно полнење на батеријата. За решавање на овој долгорочен проблем следува листа на шест смартфони, направена од познатиот портал Cnet, со најдолго време на издржливост на батеријата.

Moto Z Play

Од целата Z серија на смартфони на Mоторола, како победник во издржливоста на батеријата излегува најевтиниот, Moto Z Play – телефон од средно високата класа. Со неверојатни 23 часа и 3 минути заслужено се наоѓа на врвот на оваа листа.

Samsung Galaxy S7 серија

Веднаш после Moto Z Play се наоѓа целокупната серија на Galaxy S7. Како смартфони од високата класа и цената е прилично висока, но секоја паричка би била вредно искористена кога станува збор за сигурниот квалитет, одличните перформанси и батерија која може да издржи до 21 час кај S7 Active, 19 часа кај S7 Edge и 16 часа кај обичниот S7 модел.

ОnePlus 3T

Новиот знаменосец на OnePlus само го надополнува веќе одличниот OnePlus 3 со одредени подобрувања во процесорот – Snapdragon 821, подобрена предна камера и поголема батерија која може да издржи над 16 часа дневна употреба. Плус доаѓа со технологија за брзо полнење што го прави исплатлив за прилично ниската цена.

LeEco LePro 3

LePro 3 можеби ви звучни  непознато меѓутоа за својата ниска цена доаѓа со огромна батерија од 4,070 mAh која може да издржи и до 16,5 часа работа.

Huawei Mate 8

Телефон од високата класа на Huawei со голем 6-инчен екран, метална изработка и одлични технички перформанси. Со големата батерија од 4,000 mAh Mate 8 може да остане во живот до 15,5 часа.

Samsung j3

Сигурно ви е чудно што во оваа листа се впишува и еден телефон со не толку солидни перформанси. Но со живот на батеријата до 15 часа и 40 минути и цена од само 200 долари ј3 го заслужува своето место меѓу најдобрите.

Извор: Cnet

Претходна статијаStar Wars смартфони за љубителите на филмската класика
Следна статијаApple тестира 10 различни прототипи за iPhone 8