30ca98bd6410f29239ded71319f0ce83

Веќе сите знаеме дека OLED дисплеите може многу лесно да се виткаат и Samsung и LG веќе прикажаа некои такви концепти. Сепак, како и секогаш досега, Samsung ќе биде првиот производител кој ќе претстави ваков револуционерен уред на пазарот и тоа најверојатно ќе се случи на почетокот од наредната година.

Оваа информација секако треба да се земе со задршка, но според тоа колку време се најавува ваквиот паметен телефон, би можеле да се надеваме дека е вистинска, а Samsung веќе има поднесено и патент за уред кој ќе може да се превитка на половина.

samsung-foldable-patent-1

Според овие информации, уредот ќе биде паметен телефон со големина од 5 инчи, кој кога ќе се отвори ќе се претвори во таблет со големина од 7 инчи. Зошто не дупло? Чиста математика – големината на дијагоналата не е директно пропорционална со зголемувањето на површината на дисплејот. Едноставно, проверете колку паметни телефони од 5 инчи може да сместите на вашиот лаптоп од 15 инчи… Сигурно се повеќе од 3, нели?

OLED дисплејот кој ќе се вградува во овој уред ќе биде изработен по специјална технологија, која е му овозможи да се прекрши на половина без да се оштети. Колку ваквото решение ќе биде трајно ќе треба да почекаме за да дознаеме, но верувам дека Samsung не би лансирал неподготвен производ на пазарот.

samsung-foldable-patent-3

Ваквиот уред инаку одлично соодветствува на тоа како ќе ги користиме паметните уреди во иднината, односно како замена за компјутерите и телефон кој може да се претвори во таблет е секако чекор кон таа миграција. Поточно, со паметен телефон во џебот и преносна Bluetooth тастатура, би можело да се заврши многу работа!

Извор: TechnoBuffalo, TechInsider, TechTimes

Претходна статијаMacBook наскоро ќе има „Force Touch дисплеј“ како замена за тастатура?
Следна статијаWindows 10 Anniversary Update ќе биде достапна од јули?