Скопје, 07. Март, 2017 – Компанијата Самсунг (Samsung) на Светскиот Саем за Мобилна Технологија (MWC – Mobile World Congress) го претстави најновиот Galaxy XCover 4 робусен паметен телефон. Новиот модел има поголем HD екран и потенка рамка, зголемена меморија како и најважните елементи од дизајнот на Galaxy серијата, во комбинација со дополнителна отпорност на најекстремните услови. XCover 4 во Европа ќе биде достапен од април.

Самсунг на своите корисници настојува да им овозможи најнапредни производи кои ги задоволуваат нивните потреби за работа и за забава. XCover 4 е вистински доказ за нашата континуирана потрага за иновации. Овој паметен телефон се одликува со широк спектар на функции, што го прави совршена алатка за работа во било какво опкружување, додека истовремено со својот дизајн останува потполно верен на своите Galaxy корени.“ – изјави Жан Даниел Еим, Потпретседател на Европската Дивизија за Мобилни Уреди во компанијата Самсунг.

Galaxy XCover 4 поседува елегантен, потенок дизајн за подобро држење во рака, со намалена рамка која се заснова на отпорниот дизајн на робусните уреди на компанијата Самсунг. Оваа функција во комбинакција со можностите за ракување и во користењето на ракавици, го прави држењето и употребата на телефонот поедноставно. Покрај тоа, хардверските тастери на овој модел може да се прилагодат за брз пристап на најчесто користените апликации, преку LED батериски лампи или камери, правејќи го овој телефон максмално едноставен за употреба.

Никогаш не било поедноставно користењето на паметните телефони во екстремни услови, ниту пак останувањето во контакт со сите подолго време. Како централен елемент со кој се покажува својата припадност на Galaxy генерацијата, XCover 4 може да се пофали со IP68 стандардите за заштита од прашина и вода, подобрена резолуција на задната камера од 13 MP и предната од 5 MP, како и долготрајна батерија која може да се вади. Зачувувањето на податоци кои зафаќаат многу меморија исто така е поедноставено благодарение на проширената меморија од 16 GB, додека дополнителната RAM меморија од 2GB го прави XCover 4 уште помоќен – идеален за лична и професионална употреба.

Samsung Knox 2.7. е фабрички вграден во XCover 4 и овозможува безбедност на ниво на стандардите на безбедносните служби уште од првиот миг кога ќе го вклучите телефонот со помош на повеќеслојната платформа. Ова, во комбинација со Android 7.0 Nougat оперативниот систем и MIL-STD 810G сертификатот ја подобрува ефикасноста, перформансите и употребливоста, правеќи го XCover 4 најдобар робусен избор меѓу паметните телефони за вашето работење.

Претходна статијаКина со план за прочистување на воздухот
Следна статијаЕколошки дом кој создава енергија повеќе од што троши