Galaxy-S7-active

Новите S7-ки на Samsung имаат една голема предност пред конкуренцијата – отпорни се на вода. Сепак, тоа не значи дека нема да се скршат доколку ви паднат на бетон или пак ќе издржат други начини на измачување, па затоа, за оние со несмасни раце Samsung ја претстави Active верзијата на S7, која покрај тоа што е многу поцврста, донесува уште неколку подобрувања.

Како што може да се претпостави, спецификациите се (скоро) еднакви како кај S7 –  дисплејот е Super AMOLED со големина од 5,1 инчи и Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, процесорот е Snapdragon 820 помогнат од 4 GB рам, вградени се 32 GB простор со можност за проширување со micro SD картичка, камерите имаат 12 назад (снима 4K видео), односно 5 мегапиксели напред, додека во предното хардверско копче е вграден и читач за отпечатоци на прстите.

Рековме скоро еднакви? Батеријата има капацитет од 4.000 mAh, што е за 30% повеќе во однос на стандардната S7-ка – одлична вест за оние кои се често активни и надвор од електричната мрежа. Всушност, токму за купувачите за кои е наменет овој Active модел.

За истите купувачи одлична е и веста дека телефонот има IP68 заштита, што во превод значи отпорност на вода до 1,5 метри длабочина, максимум 30 минути, како и војнички MIL-STD-810G сертификат за заштита од сол, песок, влажност, дожд, вибрации, соларна радијација и отпорност на шокови и високи температури. Ова дефинитивно ќе биде тежок телефон за уништување.

Galaxy S7 Active за жал засега е достапен само на AT&T мрежата во САД, со надеж дека Samsung ќе го пушти во продажба и во останатите земји од светот. Телефонот инаку доаѓа со вграден Android Marshmallow и е достапен во три бои – Песочно Златна, Маскирно Зелена и Титаниум Сива.

Извор: TechnoBuffalo, The Verge, GSMArena

Претходна статијаIntel претстави супер моќен серверски Xeon процесор со 24 јадра
Следна статијаEndless е компјутер за пазарите во развој кој чини само 169 долари