nlxs7juzyqcvm3bbud1g

Ако досега за вас немаше доволно добра причина да го вратите вашиот Samsung Galaxy Note 7 поради проблемите со прегревање и самозапалување, еве една работа која би можела да ве премисли – во САД целосно е забрането да се носи Note 7 во авионите и доколку некој патник го направи тоа, може да биде уапсен и да заработи кривична пријава.

Всушност, забрането е секакво пренесување на телефонот во авион, било дали се работи за носење во персонален багаж или пак во чекираниот багаж. Како што сите што имаат летано веќе знаат, безбедноста во авионите е многу сериозна работа и многу патници знаеле да бидат вратени за многу помалку опасни работи, како на пример деодоранс.

Многу авионски компании и надвор од САД веќе забранија какво и да било носење на Galaxy Note 7 во нивните авиони и иако засега нема казнување доколку бидете фатени со таков телефон во авионот, тој скоро сигурно ќе ви биде одземен на безбедносната проверка пред да влезете во авионот.

Сериозно, доколку веќе не го направивте тоа, отидете на местото од каде сте го купиле вашиот Galaxy Note 7 и вратете го – целосно ќе ви бидат вратени сите пари кои сте ги потрошиле, до денар. Да, процентот на уреди кои се запалија не е претерано голем, но дали навистина вреди да се ризикува кога има толку многу други телефони на пазарот, дури и од Samsung?

Извор: PC World, Gizmodo, The Guardian

Претходна статијаSamsung Chromebook Pro е лаптоп со Chrome OS, екран на допир и дигитално пенкалце
Следна статијаВо Крушево се одржа StartQube работилница за социјално претприемништво