Galaxy Note8 веќе е еден од најскапите смартфони кои може да се најдат на пазарот. Во ценовната граница од околу 1.000 евра, кај нас зависно од каде ќе се купи, на Note8 единствено му конкурира iPhone X.

Во Кореа, односно во нивната земја, Samsung пушти посебна верзија од Note8 наречена Avant Edition. Името доаѓа од корејскиот уметник 99 Avant со чија соработка е направен овој модел.

Интересното во Avant верзијата е што ќе има цена од 1.800 долари, па реално е да се очекува дека истата ќе биде оправдана со одредени функции.

Сепак, Avant Edition моделот е во главно ист како основниот модел. Разликите се незначајни со оглед на цената и тие вклучуваат поголем простор за складирање од 256 GB, посебно дизајнирани икони од 99 Avant, како и посебно дизајнирана заштитна футрола. Останатите карактеристики на уредот се исти, па се поставува прашањето која е целта на овој модел.

Со оглед на фактот што овој модел ќе биде понуден само во Кореа, можеби има нешто за тој пазар коешто ние не го знаеме, па од компанијата знаат што прават.

Извор: Trusted Reviews, Samsung

Претходна статијаПронајден нов полимер на стакло, испуканите екрани одат во историја
Следна статијаThor планира да биде сериозна конкуренција на Tesla
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.