Кинеската компанија Royole беше првата која претстави уред со екран кој се превиткува и со тоа се добива смартфон кој кога ќе се отвори се претвора во мал таблет компјутер.

Сепак, непопуларноста на брендот, како и големото растојание помеѓу двата екрани кои не се затвораат целосно еден до друг, меѓу другото, направи да пазарот не реагира нешто повеќе на овој уред, FlexPai, па чекањето за вакви уреди остана до претставувањето на Galaxy Fold од Samsung, како и Mate X од Huawei.

Во март оваа година, Royole го најави FlexPai 2, а од овој месец и кончено почнува со неговата официјална продажба, која за почеток ќе биде во Кина. Цената ќе биде нешто пониска код конкуренцијата, но ќе видиме колку тоа ќе направи разлика за купувачите, посебно надвор од Кина. FlexPai 2 ќе се продава по цена од 1.470, односно 1.710 долари.

FlexPai 2 доаѓа со подобрен екран, односно кога ќе се превитка веќе не е голем просторот измеѓу, а ова прави голема разлика за и така прилично дебелите вакви уреди. Превиткувањето на FlexPai 2, како и кај првата верзија, е во стилот на Huawei Mate X, односно се превиткува на надворешната страна, со што корисниците добиваат два екрани кога се во режим на мобилен телефон.

Кога е отворен, FlexPai 2 има екран со големина од 7,8 инчи, нешто што не е многу повеќе од конкурентите, но од компанијата не пропуштија да го истакнат доста на презентацијата на уредот. Кога е затворен, се добиваат два екрани, односно еден со големина од 5,5 инчи, додека другиот, каде се гледаат и камерите, од 5,4 инчи.

Резолуцијата на FlexPai 2 е 1.920 на 1.440 пиксели, нешто што може да се каже дека не е баш доволно за голем екран. Дали корисниците ќе го забележат тоа при користење, сепак останува до очекувањата и начинот на користење.

Како што би се очекувало, новата верзија од оперативниот систем на кој работи FlexPai 2, waters 2.0, овозможува одредени функции кои го искористуваат поголемиот екран преку овозможување на отворање на две или повеќе апликации во исто време и слично.

Royole FlexPai 2 доаѓа со четири камери со сензори од 64, 16, 8 и 32 мегапиксели, па овој дел од телефонот сигурно ќе се покаже како што треба.

Работи на Snapdragon 865 и нуди избор од 8 и 12GB RAM, како и помеѓу 256 и 512GB простор за податоци. Батеријата е со капацитет од 4.450 mAh, а од Royole исто така го истакнуваат новиот механизам за превиткување кој треба да издржи поголем број на отворања и затворања.

Презентацијата на FlexPai 2 можете да ја погледнете во продолжение, а телефонот се прикажува најдобро од 38-та минута.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕден ден до „Unpacked for Every Fan“ од Samsung
Следна статијаПрвата верзија од Microsoft Edge за Linux ќе стане достапна во октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.