На еден ден до одржувањето на „Unpacked for Every Fan“ настанот, 23-ти септември, Samsung објавија видео трејлер кој дополнително ни покажува што можеме да очекуваме да биде претставено.

Во видеото Samsung истакнува дека се работи за уред од Galaxy серијата, а исто така се истакнува тоа дека од компанијата ги прашале корисниците што е тоа што сакаат. Тоа значи дека тие ќе најават уред кој е направен според желбите од корисниците, а веќе имаме претстава кој ќе биде тој уред.

Самото име на настанот, како и најновиот трејлер, одат во правец на досегашните неофицијални информации, а тие говорат дека ќе видиме посебна верзија од Galaxy S20 серијата, наречена Galaxy S20 FE, односно Fan Edition.

Овој уред треба да биде во категоријата на „лајт“ уреди, односно корисниците може да очекуваат уред со нешто пониска цена, но сепак доста добри карактеристики.

Настанот се одржува утре, а во меѓувреме погледнете го трејлерот во продолжение.

Претходна статијаАмериканската компанија за електрични камиони Nikola обвинета за измама
Следна статијаRoyole почнува со продажба на нивниот FlexPai 2 телефон со екран кој се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.