Shutterstock.com

Кинеската компанија Royole, до некаде на изненадување на сите, минатата година беше првата која претстави уред со екран кој се превиткува. Оваа компанија ги „претрка“ и Samsung и Huawei кои ги претставија своите уреди нешто подоцна.

Сепак, оваа компанија не го понуди во продажба својот уред, барем не во голема количина, па повеќе се работи за презентација на нивната технологија на целосно свитливи екрани која би ја продавале на другите производители на телефони.

Samsung и Huawei развиваат сопствена технологија, како што би се очекувало, а нивните уреди се достапни комерцијално и веќе се продаваат.

FlexPai 2 е вториот телефонот од Royole и тој оваа година е многу подобро направен. Една работа се истакнуваше минатата година, а тоа беше просторот помеѓу екранот кога е превиткан со што се добиваше уред кој сепак не е баш погоден за користење.

Оваа година просторот е многу помал, па може да се каже дека веќе и не се забележува. Додатно подобрен е и механизмот за превиткување, односно шарките, а екранот исто така има подобра светлина и бои.

Engadget

Инаку, FlaxPai, двете верзии, се направени во стилот како што е Mate X (и Xs) од Huawei, односно превиткувањето е на надвор, екранот останува на надворешната страна, со што нема потреба од втор екран за кога истиот е затворен.

Од Royole најавија дека имаат договорено партнерство со ZTE кои би ја користеле оваа технологија во некој нивни производ во иднина.

FlexPai 2, моделот којшто е за презентација, доаѓа со најновиот процесор од Qualcomm, Snapdragon 865, а екранот му е со големина од 7,8 инчи кога е отворен.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаHuawei ќе го олесни инсталирањето на апликациите кои ги нема поради недостапноста на Play Store
Следна статијаInstagram воведе функција која треба да го олесни друштвеното дистанцирање препорачано за овој период
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.