XDA Developers

Како што сигурно ви е познато, новите телефони од Huawei, претставени после мај минатата година, не можат да ги имаат сервисите и апликациите од Google. Тоа значи дека овие телефони ги немаат Gmail, YouTube, Maps и другите апликации од Google, но исто така ја немаат ни Play Store продавницата со што се губи пристапот и до доста други апликации кои се популарни кај корисниците.

Сепак, како што можевме да видиме, Huawei не го губи второто место во светот на пазарот за мобилни, односно не се предаваат, па прават се што може да им излезат во пресрет на своите корисници.

Huawei почна да ја развива повеќе својата дотогаш во главно во Кина достапна продавница за апликации, AppGallery, а сега на корисниците размислува да им овозможи апликација преку која ќе можат да ги најдат апликациите кои не се достапни во оваа продавница.

Откриена во Германија, апликацијата AppSearch им овозможува на корисниците да ги најдат апликации како Facebook, Messenger, WhatsApp, Instagram и други. Апликациите не може да се симнат директно од оваа апликација, односно истата само го олеснува нивното барање, па можат да се симнат од трета страна до која може да се дојде преку оваа апликација.

Со ова, корисниците ќе можат многу полесно да дојдат до апликациите кои им фалат, па недостапноста на Play Store да помине „безболно“.

Дали оваа апликација дефинитивно ќе им биде понудена на корисниците ќе видиме во периодот што следи, а истата може да биде промовирана со претставувањето на P40 телефоните во четврток.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаРезултати од вториот бран на истражувањето на Ипсос за перцепциите на граѓаните на Македонија за Корона вирусот
Следна статијаFlexPai 2 е новата верзија од првиот уред со екран кој се превиткува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.