Покрај другите мерки кои ги преземаат од компанијата, Instagram, односно Facebook, воведоа нова можност за корисниците на оваа мрежа која треба да им го олесни овој период во кој се препорачува друштвена дистанца, односно седење дома.

Се работи за можност за разгледување на слики и видеа за време на видео повик, без разлика дали е со една личност или група. Разгледувањето може да се прави од сликите и видеата кои ги имаат лајкнато, зачувано, како и препорачани од страна на Instagram.

За да се почне ова заедничко разгледување на мрежата, се што треба е да се започне видео повик, па да се притисне на новата „Media“ икона во долниот десен агол. За да може и другата страна да го види тоа што го гледа корисникот, потребно е да избере една слика од листата која ја разгледува.

Новата функција веќе им е достапна на корисниците, па можете веднаш да почнете да ја користите.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаFlexPai 2 е новата верзија од првиот уред со екран кој се превиткува
Следна статијаAmazon Prime Video ќе овозможи креирање на повеќе профили на една сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.