huawei-p9

Huawei ги претстави своите два нови паметни телефони од високата класа P9 (5,1 инч) и P9 Plus (5,5 инчи), чиј главен адут се двете задни камери, кои се вградени со цел поквалитетни фотографии, односно според Huawei, најдобри фотографии во класата.

Камерите имаат Leica сертификација, односно се делумно изработени со германскиот бренд, кој е познат по супер квалитетните камери и објективи, кои чинат цело богатство. За разлика од конкуренцијата, тука едната камера е со стандарден сензор со 12 мегапиксели во боја и f2.2 бленда, додека другата има црно бел, односно монохроматски сензор со 12 мегапиксели.

Screenshot_12233

Предноста на овој систем е што монохроматскиот сензор може да слика со многу поголем контраст и да „впие“ повеќе светлина и потоа тоа да се искористи кај фотографиите во боја. Од Huawei најавуваат дека кога корисникот фотографира со двете камери заедно, сензорите ќе примаат три пати повеќе светлина, што е многу корисно за намалување на шумот при фотографирање навечер, како и 50% подобар контраст.

Секако, монохроматскиот сензор може да се искористи и за фотографирање на високо квалитетни црно – бели фотографии, односно двата сензори може да се искористат за изолирање на субјектот од позадината како кај конкурентите, но навистина, главната цел на овие две камери е финалните фотографии да бидат исклучително квалитетни. Ќе биде интересно да видиме како ќе се покажат на тестовите.

Screenshot_111

И двата претставени модели, покрај двојните задни камери, доаѓаат со предна камера со 8 мегапиксели и Kirin 955 чип со осум јадра, од кои побрзите четири Cortex-A72 работат на 2,5 GHz – од Huawei велат дека во моментов ова ќе биде еден од најбрзите мобилни чипови.

Обичниот P9 има 5,2 инчен IPS дисплеј со Full HD резолуција, додека поголемиот Plus модел има AMOLED дисплеј со Full HD резолуција и големина од 5,5 инчи. P9 ќе се нуди со 3 GB рам и 32 GB простор или пак со 4 GB рам и 64 GB простор, додека P9 Plus ќе се нуди само како модел со 4 GB рам и 64 GB простор. Капацитетот на батеријата е 3.000 mAh кај P9, односно 3.400 mAh кај P9 Plus. И двете поддржуваат брзо полнење, а ќе се полнат преку USB Type-C приклучок.

Screenshot_55

Покрај моќните компоненти, P9 и P9 Plus ги карактеризира исклучително луксузна изработка, со тенко куќиште и многу мала рамка околу екранот, која ги прави многу покомпактни од iPhone на пример и полесни за држење со една рака. Во задниот дел е поставен и читач за отпечатоци на прстите, кој веќе важи за еден од најдобрите во бизнисот, додека поголемиот модел има и стерео звучници поставени напред, што може драматично да го подобри гледањето видеа и филмови.

Цените на новите знаменосци на Huawei веќе не се ниски како порано, но тоа е и повеќе од очекувано – од следбеници на конкуренцијата, кинезите станаа иноватори и овие два модели имаат навистина што да понудат.

Основниот P9 почнува од 599 евра, додека моделот со 4 GB рам и 64 GB простор ќе чини 649 евра и ќе биде достапен од 16 април низ земјите во Европа.

Поголемиот P9 Plus пак чини 749 евра, цена со која опасно навлегува во територијата на Galaxy S7 Edge и iPhone 6S Plus, а ќе биде достапен од 20 мај.

Screenshot_123

Извор: Android Central, The Verge, GSMArena

Претходна статијаWhatsApp воведе end-to-end енкрипција за сите свои корисници
Следна статијаNvidia Tesla P100 е најбрзиот графички чип на планетата