Минатата година слободно би ја нарекол година на “исечоците”, со оглед на тоа колку производители своите модели ги направија да имаат уште помали рамки околу екранот со ова решение.

Nokia, односно HMD Global, не се решија да бидат исклучени од тој тренд, па нивните модели вклучуваа исечок на горната страна од екранот, во повеќе нивни модели.

Оваа година изгледа тие ќе одат по стапките на Samsung, но и Huawei, со тоа што исечокот ќе го заменат со само една мала дупка во која ќе биде сместена камерата.

Nokia 8.1 Plus е името кое наводно ќе се користи за овој уред, меѓутоа не би било чудно да се користи и друго име.

91mobiles и OnLeaks се тие кои повторно се одговорни за добивањето на информациите, а истите се само во форма на слика. Од добиените податоци тие ги имаат креирано сликите, што значи дека не се работи за вистински слики.

Исто така, поради тоа што се работи само за слики, нема повеќе информации за тоа што може да се очекува од овој уред. Може да се види двојна задна камера, сензор за отпечатоци на прсти под нив, како и навистина мали рамки околу екранот.

Тоа што го привлекува главното внимание е малата дупка на екранот каде што треба да е сместена предната камера. Тоа ќе ги стави Nokia во категоријата на уреди од оваа година кои го започнуваат трендот на “дупки” во екранот.

Иако не може да сме сигурни за оваа информација, сепак кога ќе се земе во предвид од каде доаѓа, истата големи се шансите дека ќе се покаже како точна.

ИЗВОР91mobiles
ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаПаметна кошничка го решава проблемот со редици во супермаркетите
Следна статијаЗапознајте ја апликацијата Huawei Facing Emotions која им помага на лицата со оштетен вид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.