moto-m-1-840x445

Кинеските производители апсолутно го освоија пазарот во ниската и средната класа со евтини и моќни паметни телефони и поради тоа на новиот Moto M на Lenovo, кој ја купи Motorola лани, изгледа како да нема шанси во густиот сектор на паметни телефони од средната класа.

Уредот делува прилично солидно – изработен е од метал и има заштита од прскање со вода, а дисплејот има големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција. Процесорот е MediaTek Helio P15 осум Cortex-A53 јадра на 2,2 GHz, помогнат од 4 GB рам, 32 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка и батерија од 3.050 mAh. Задната камера пак има 16 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели, што барем на хартија е прилично солидно.

ap_resize-copy

Moto M има и неколку други адути, како Dolby Atmos аудио, читач за отпечатоци на прстите и можност за брзо полнење на батеријата, но тоа сепак не е доволно да се оправда цената од 295 долари во Кина, која доколку телефонот стигне кај нас би се покачила на преку 400 долари, што за телефон со вакви перформанси е премногу.

На пример, Xiaomi има уред од високата класа кој чини помалку во Кина – Mi 5 е 235 долари а има многу помоќен Snapdragon 820 процесор, а истото важи и за многу други кинески конкуренти. Исто така, една од предностите на Moto телефоните, односно најновата верзија на Android кога ќе бидат лансирани тука не е достапна – Moto M доаѓа само со Marshmallow.

capture

Ова не се единствените спецификации по кои треба да се одлучи за еден нов паметен телефон, но не е добра вест за настапот на пазарот на Moto M, макар и купувачите да го поврзат со Motorola, која отсекогаш имала поскапи смартфони. Едноставно, пазарот денес не трпи прескапи телефони во средната класа.

Извор: Android Authority, Android Police, GSM Arena

Претходна статијаIT4charity – Хуманитарен настан организиран од ИТ секторот во Македонија
Следна статијаiPhone 8 ќе може безжично да се полни на неколку метри оддалеченост?