LG-G-Flex-2-Android-Lollipop-1-1280x853

Според протечени информации од популарниот Evan Blass на твитер, LG наредната година ќе лансира конкурент на Samsung Galaxy S6 Edge, но дисплејот на телефонот на LG ќе биде заоблен во горниот дел, наместо на страните.

Секако, ова е начин како да се диференцира од својот најголем конкурент, но нејасно е дали ова искривување на дисплејот ќе биде корисно, бидејќи би било многу тешко достижно со раката. Сепак, LG би можел на него да вклучи неколку секундарни функции, исти какви што има LG V10, смартфонот со дополнителен дисплеј во горниот дел. Ваквиот дисплеј би можел на новиот модел на LG да му даде и дистинктивен дизајн, кој би привлекол многу купувачи – исто како и Edge серијата на Samsung.

Лансирањето на овој модел ќе го означи и крајот на LG G Flex серијата, која според други извори, најверојатно нема да добие свој наследник. Причина за ова е слабата продажба и покрај тоа што тој смартфон има вистинска придобивка од искривениот дисплеј – целиот телефон може да се свитка и да се врати во почетната „свиткана“ положба, без да се оштети, што значи дека без проблем може да го носите во задниот џеб, да го наседнете и да не го скршите. Но, недоволно допадливиот дизајн го направи своето.

Покрај новиот модел со искривен дисплеј во горниот дел, LG би требал да го лансира и новиот знаменосец LG G5 во Април наредната година, кој ќе има 5,6 инчен дисплеј со резолуција од 2560х1440 пиксели и Snapdragon 820 чип и кој се надеваме дека конечно ќе има полуксузна, метална изработка.

Извор: TecnoBuffalo, Pocket Lint, Neowin

Претходна статијаZTE Axon MAX e 6 инчен смартфон со луксузна изработка и достапна цена
Следна статијаВодородни горивни ќелии за поиздржливи беспилотки