huawei-p9-vs-samsung-galaxy-s7-foto-porównanie

Денес, скоро сите нови паметни телефони нудат задоволителни перформанси за секојдневно работење, но факт е дека оние од највисоката класа ќе понудат најмазно искуство. Сепак и тука има разлики – новиот P9 на Huawei на пример нема перформанси кои се на нивото на Galaxy S7, LG G5 и iPhone 6S, а е послаб во некои мерења и од нивните претходници.

Kirin 955 чипот е производство на Huawei и е одлична идеја – производителот вака има поголема контрола на софтверот и хардверот во исто време. Но, бројките од бенчмарк мерењата покажуваат дека кинескиот чип заостанува едно скалило зад конкуренцијата, поточно Snapdragon 820, Exynos 8890 и Apple A9.

benchmark (2)

Главниот проблем на Kirin 955 чипот се перформансите по јадро. Да, кога ќе се спореди со сите јадра со Snapdragon 820 овој чип е подобар (послаб од останатите со 8 јадра), бидејќи има повеќе јадра, но во перформансите на едно јадро, заостанува и тоа не за малку. А сите оние кои ги знаат работите малку подлабоко, знаат дека мобилните оперативни системи користат максимум две јадра при секојдневното работење, а многу, многу ретко користат осум.

benchmark (1)

На Basemark OS мерењата на пример кои се користат за мерење на целосните перформанси на оперативниот систем, чипот на Huawei заостанува зад сите понови конкуренти. Особено големо заостанување има во графичките перформанси на Mali-T880 MP4 чипот, каде Snapdragon 820 на пример вади три пати подобри резултати при иста Full HD резолуција! Чиповите на конкурентите имаат предност дури и кога ќе се вклучи повисоката резолуција на нивните дисплеи.

benchmark (4)

benchmark (5)

Да не бидам разбран погрешно – ова не значи дека Huawei P9 е бавен телефон. Напротив, сигурен сум дека е добро оптимизиран за чипот. Но, факт е дека за тешки апликации и игри, скоро сите конкуренти од високата класа ќе понудат подобри перформанси и плус некои можности како на пример снимање на 4K видео – P9 снима во веќе застарената Full HD резолуција, што е најверојатно последица на малку послабите перформанси на Kirin 955 чипот.

benchmark (6)

Како противтежа на ова, стои фактот дека Huawei P9 е многу поевтин од сите конкуренти и за оние кои не им е најважно да ги имаат најбрзите перформанси во својот телефон или пак тој да може да снима 4K видео, овој паметен телефон може да е вистински паметен избор.

Извор: GSM Arena, Android Headlines

Претходна статијаHyperloop со прв јавен тест
Следна статијаMicrosoft го прекинува интересниот Project Spark