160524115415-china-moxi-bendable-mobile-phone-780x439

Многу различни уреди за иста работа секогаш го збунуваат купувачот и затоа паметните часовници сѐ уште не се успешни како паметните телефони. Едноставно, не нудат ништо ново. Но, што ако има паметен телефон кој со виткање околу раката може да се претвори во гигантски паметен часовник? Е ова е веќе нешто интересно.

Moxi Group е кинески стартап кој го најавува првиот паметен телефон кој може да се витка и да се претвори во паметен часовник на пример. Samsung и LG веќе најавија вакви телефони, но Кинезите се чини сепак ќе бидат први кои ќе го донесат на пазарот и тоа до крајот на оваа година.

https---blueprint-api-production.s3.amazonaws.com-uploads-card-image-97325-Moxi

Во почеток, телефоните на Moxi Group ќе имаат само црно бел дисплеј, но наредната година се очекува и модел со дисплеј во боја. Самиот дисплеј е инаку изработен од Графен, кој е најтенкиот материјал во светот (само една рамна решетка на јаглеродни атоми) и воедно еден од најцврстите и најфлексибилните – го нарекуваат и материјалот на иднината. Интересно, дисплејот е “Flexible TFT”, што значи дека не се работи за OLED дисплеј, туку за стандарден LCD дисплеј.

Останатите компоненти на уредот, односно чиповите и батеријата најверојатно се вградени во долниот дел, кој не може да се свитка, но, иако производителот не најави такво нешто, можно е дел од компонентите да бидат вградени во деловите одзади и околу екранот. Сепак, сѐ уште нема информации за тоа кои делови ќе се вградуваат и колку ќе биде моќен телефонот.

Цената на првиот свитлив телефон во светот ќе изнесува 760 долари (за моделот со црно – бел екран) во Кина и истиот во почеток ќе биде достапен само во 100.000 примероци, веројатно со цел да се опипа пулсот на пазарот.

Извор: The Verge, CNN Money, Mashable

Претходна статијаGoogle ќе додава повеќе нови функции на Android во новите Nexus уреди
Следна статијаSolarin е најбезбедниот телефон во светот чини 12.300 евра