Еден од најголемите производители на дисплеи во светот, Japan Display, претстави LCD дисплеи кои можат да се виткаат и кои ветуваат иднина во која екраните на смартфоните нема да се кршат. Покрај тоа, овие LCD дисплеи е евтина алтернатива на AMOLED екраните за телефони со закривен дисплеј на страните како “Edge” серијата на Samsung.

Предноста на овие дисплеи е што наместо стакло како заштита имаат флексибилна пластика. Покрај тоа што оваа пластика логично овозможува тие да бидат изведени во форми какви што не се возможни досега, таа ја подобрува заштитата при удари. Поточно, овој флексибилен дисплеј не би можел да се оштети при паѓање на смартфонот на пример, што е прилично голема вест за пазарот на паметни телефони.

Новите LCD дисплеи на Japan Display имаат и неколку други можности, како на пример да ја намалат фреквенцијата на освежување од 60 на 15 Hz во апликации каде нема потреба од максимална фреквенција, како на пример при читање книги. Ова ја намалува потрошувачката на енергија и следствено го зголемува траењето на батеријата.

Од друга страна, од овие дисплеи не очекувајте да можат да се виткаат, односно да се вградуваат во свитливите телефони кои најверојатно ќе пристигнат годинава. Засега само AMOLED дисплеите можат да постигнат толку многу флексибилност. Првите примероци на екраните на Japan Display ќе бидат испорачани во 2018 година.

Извор: The Next Web, Engadget, WSJ

Претходна статијаИнвестирање во нов вид на соларна ќелија
Следна статијаНадградете го својот Apple уред, инаку може да бидете лесна мета на напади