m9-930x509

Galaxy Note 7 можеби веќе нема да може да го купите, барем не нов од продавница, но затоа Huawei спрема нов модел кој ќе се обиде да го замени знаменосецот на Samsung. Mate 9 треба да биде лансиран на 3 ноември, доаѓајќи со скоро ист, поточно идентичен дизајн како моделот на Samsung.

Ова особено важи за моделот со заоблен дисплеј, кој на рендерите изгледа исто како Galaxy S7 Edge, без никакви промени – дури и копчето, звучникот и камерите се на исто место. Она што веројатно ќе биде различно е големината на дисплејот, која и кај двете изведби, односно обичната и со заоблениот дисплеј, има 5,9 инчи во дијагонала.

m9gold

Моделот со заоблениот дисплеј сигурно ќе биде поскапиот и ќе има Quad HD дисплеј, споредено со Full HD на обичниот модел, но останатите спецификации веројатно ќе бидат исти. Тие вклучуваат Kirin 960 чип со осум јадра на Huawei, 4 или 6 GB рам зависно од изведбата и простор од 32 до 256 GB.

Ова ќе бидат и првите телефони надвор од Pixel моделите на Google кои ќе поддржуваат Daydream VR, што значи ќе бидат подготвени за играње на виртуелни игри, а ќе имаат и подобрена двојна камера во однос на P9 со 20 мегапиксели и f/2.0 бленда на леќата.

Лоша вест е сепак дека моделот со заоблен дисплеј најверојатно ќе биде достапен само во Кина, иако се надевам дека Huawei ќе ја промени оваа одлука, особено по прекинувањето на продажбата на Galaxy Note 7 – на пазарот сега дефинитивно има дупка која треба да се пополни.

Извор: Techno Buffalo, Venture Beat, Android Central

Претходна статијаGoogle Duo треба да ја замени Hangouts како апликација која ќе доаѓа со новите смартфони
Следна статијаSamsung ги информира корисниците на Galaxy S7 дека нивните уреди се сигурни