header-background

Ако досега не бевте убедени во Huawei и нивниот супер сериозен настап на пазарот на паметни телефони, отсега веројатно ќе треба да бидете. Имено, по соработката кај камерата во P9, тие отворија центар за развој заедно со Leica, која е апсолутно најексклузивниот фотографски бренд, особено познат по нивната прецизна рачна изработка и високиот квалитет на производите.

Интересно, центарот ќе биде отворен во Ветцлар, Германија и неговото име ќе биде “Max Berek Inovation Lab” по еден од првите инженери за оптика во Leica, кој починал далечната 1949 година. Како што кажува самото име, двете компании тука заедно ќе работат на нови иновации во мобилната фотографија, но и истражување во секторот на виртуелна и изменета реалност.

Во блиска иднина, оваа соработка би можела да донесе многу интересни новитети кај паметните телефони на Huawei, како уште подобри камери. Да потсетиме, двојната камера во Huawei P9 и натаму важи за една од најдобрите на пазарот, па од поновите модели секако дека треба да се очекува уште повеќе.

Leica е инаку особено голем специјалист за оптика за фотоапарати – нивните објективи се сметаат за едни од најдобрите во светот. Доколку овој квалитет, со продлабочување на соработката се пресели и во паметните телефони на Huawei, можеме да очекуваме исклучително квалитетни фотографии од скоро сите нови модели.

Извор: Tech Radar, The Verge, Petapixel

Претходна статијаПрогласени добитниците на наградата SoMo Borac 2016 на Weekend Media Festival
Следна статијаSnapchat Spectacles се очила со кои ќе може да снимате “Memories” на “Snapchat”