htc-one-m82

Најновиот знаменосец на HTC, кој овој пат ќе ја носи ознаката One M9, ќе биде лансиран заедно со паметен часовник, кој најверојатно ќе ја користи платформата на Google, Android Wear.

И покрај тоа што главните конкуренти веќе стигнаа и до третата генерација паметни часовници, HTC влегува многу покасно во бизнисот. Сепак, знаејќи го Тајванскиот гигант, треба да се очекува поголемо внимание посветено на дизајнот и на изработката, исто како и кај популарната One серија на телефони.

Следствено на тоа, неговата цена би била малку повисока, односно истиот не би бил наменет за купувачите со плиток буџет. Користењето на Android Wear како платформа е скоро сигурно, но можно е HTC да го пресоблече во Sense изглед, како би одговарал со дизајнот на корисничкиот интерфејс на смартфонот.

Што се однесува до самиот смартфон, се очекува да биде еволуција во надворешниот дизајн, со многу ситни и скоро незабележливи промени, но со многу поголеми подобрувања под алуминиумската шасија. Ultrapixel камерата со 4 „големи мегапиксели“ сега ќе биде предна камера, додека назад ќе има нова камера со 20 мегапиксели, од која се очекува драматично да го подобри квалитетот на фотографиите.

Некои извори спомнуваат дури и Dolby Surround 5.1 звук, со кој новиот One M9 повторно би и побегнал на конкуренцијата кога е во прашање квалитетот на звукот од вградените звучници. Како и повеќето телефони од високата класа, кои ќе бидат претставени во првата половина на 2015 година, и HTC One M9 ќе биде опремен со Snapdragon 810 процесорот со 8 јадра, потпомогнат со 3 или 4 гигабајти RAM меморија. Екранот веројатно ќе има full HD резолуција и дијагонала од 5 инчи.

Секако, уредот ќе биде базиран на Android Lolipop, со познатиот Sense кориснички интерфејс на HTC од седмата генерација, кој ќе треба да донесе низа подобрувања. Набрзо по претставувањето на Android верзијата, се очекува и Windows 10 верзија од истиот смартфон.

Извор: TechCrunch, Bloomberg

Претходна статијаSkitch – Супер алатка за анотации на слики
Следна статијаTrackSeries e одличен ТВ водич за Windows 8.1