N9-wlp-1024-796x532

Своевремено, Nexus 7 таблетот на Google беше еден од најпопуларните на пазарот, пред се благодарение на високите перформанси и исклучително ниската цена. Сепак, падот на продажбата на таблетите ги натера Google да ја откажат таа линија на производи, се досега – според Evan Blass тие наскоро ќе лансираат нов Pixel таблет со големина на дисплејот од 7 инчи.

Оваа информација, според досегашното портфолио и стотиците погодени протечени уреди од Evan Blass можеме и да ја земеме како точна. Blass протече и неколку други информации за уредот, како на пример тоа дека ќе има 4 GB рам меморија, што сигурно ќе помогне за работење со две апликации одеднаш, можност која е достапна со Android Nougat надградбата.

Таблетот веројатно ќе биде изработен од Huawei и ако ја искористиме имагинацијата, можеме да очекуваме Snapdragon процесор, веројатно 652 или 820 и дисплеј со Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели. Сепак, за финалните спецификации ќе треба да почекаме уште малку – таблетот ќе биде претставен пред крајот на оваа година, веројатно заедно со Chromecast 4K и Daydream VR уредите, кои одлично би работеле со новиот таблет.

Интересно, таблетот ќе го произведува Huawei, кој заедно со HTC втора година по ред е партнер на Google за производство на нивниот хардвер – оваа година HTC ќе ги произведува Pixel и Pixel XL смартфоните.

Лично, очекувам таблетот да биде и прилично достапен, особено за перформансите кои ќе го нуди, па затоа цената на би требало да надминува 300 долари, или околу 15-18.000 денари кај нас.

Извор: The Next Web, Techno Buffalo, The Verge

Претходна статијаДванаесет премиери на Pickbox што не смеете да ги пропуштите во септември
Следна статијаLG V20 е првиот телефон со вграден Android Nougat, наменет за аудиофилите