Веќе и не е некоја тајна дека најголемиот производител на смартфони во светот Samsung развива смарфон кој буквално ќе може да се превитка на половина и само прашање на време е кога ќе го видиме на пазарот. Според досегашните информации, уредот ќе се вика Galaxy X, односно ќе припаѓа на нова серија на паметни телефони, а сега имаме потврда од сајтот за поддршка на Samsung во вид на кодно име дека овој телефон дефинитивно ќе биде лансиран во блиската иднина.

Покрај тоа што на сајтот се потврдува дека SM-G888NO ќе биде дел од портфолиото на Samsung (кодно име кое и претходно беше спомнувано за овој смартфон), други информации за телефонот нема. Сепак, според она што веќе го знаеме, телефонот најверојатно ќе се превиткува на половина благодарение на OLED флексибилниот дисплеј и скоро сигурно ќе биде позициониран во највисоката класа. Очекувајте и многу висока цена, бидејќи ова ќе биде своевиден концепт телефон кој ќе можете и да го купите.

Истите информации велат дека телефонот ќе биде лансиран уште во февруари на Mobile World Congress, што би било импресивно постигнување од Samsung, бидејќи конкуренцијата не е ниту близу до пуштање на ваков модел во јавноста. Како и да е, сигурен сум дека тоа ќе го дознаеме наскоро – наредниве неколку недели очекувајте да зачестат информациите за овој модел, особено ако навистина биде лансиран толку наскоро.

Извор: Geeky Gadgets, Tom’s Guide, The Sun

Претходна статијаiMac Pro има Apple A10 Fusion чип преку кој се контролира “Hey Siri” командата
Следна статијаВеб страните следат многу повеќе информации за посетителите од што мислиме