untitled copy

Новиот знаменосец на Samsung од таблет/смартфон класата треба да биде лансиран на крајот од летото, но како и по обичај ние уште отсега ги имаме првите информации, кои велат дека Note 6 ќе има исклучиво заоблен дисплеј?

Според SamMobile, кој често не опслужува со прилично точни протечени информации, Samsung моментално тестира два уреди – еден стандарден и еден со заоблен дисплеј на страните. Сепак, успехот на Edge моделите и тоа што купувачите во тој сегмент нема да имаа проблем да доплатат за таква технологија, значи дека новиот Note 6 најверојатно ќе се нуди исклучиво како модел со заоблен дисплеј на страните.

Самиот дисплеј и натаму ќе има резолуција од 2560х1440 пиксели, но овој пат ќе има големина од 5,8 инчи – 0,1 инч поголем од актуелниот модел. Според најавите, батеријата ќе има капацитет од 4.000 mAh, што е масивно споредено со актуелниот модел кој има батерија од само 3.220 mAh.

Note 6 ќе биде и најмоќниот смартфон на Samsung кога ќе биде лансиран – ќе доаѓа со Snapdragon 823 чипот, кој е делумно побрза верзија на 820-ката, како и Exynos 8890 чипот на Samsung, зависно од пазарот. Ова ќе биде и првиот уред на компанијата со 6 GB рам меморија, што треба да помогне во мултитаскингот, додека просторот од 32 GB најверојатно повторно ќе може да се прошири со micro SD картичка.

Надворешниот дизајн најверојатно ќе биде еволуција на она што Samsung го претстави со S7 линијата, а од таа линија ќе биде преземена и камерата со 12 мегапиксели, која во моментов е на самиот врв меѓу смартфоните од највисоката класа. Нормално, Note 6 ќе доаѓа со вграден Android N, кој тогаш ќе биде најновата верзија на оперативниот систем.

Секако, сите овие информации земете ги со задршка, бидејќи многу работи може да се променат наредниве неколку месеци, што е пак причина повеќе да не следите секојдневно за први да ги дознаете.

Извор: Mashable, GSM Arena, Yahoo

Претходна статијаЗвукот на вашиот череп наскоро ќе ги замени отпечатоците на прсти за заштита?
Следна статијаНаучници случајно открија батерија која не го губи капацитетот со текот на времето