image00

Доколку сте корисник на Note 4, поточно интернационалната верзија со ознака N910C веќе можете да ја очекувате надградбата на најновата верзија од Android, 6.0.1 Marshmallow.

Samsung Galaxy Note 4 N910C е верзијата која доаѓа со Exynos чип, па ова е уште еден начин да знаете кој модел го користите.

Дека процесот на надградба е почнат е потврдено од страна на читатели на некои од странските портали кои потоа ја проверија и објавија информацијата. Би било добро и корисно за останатите читатели, доколку некој од вас ја добие и инсталира надградбата, да не информира преку порака или во коментар.

Инаку Android Marshmallow треба да донесе доста подобрувања во работата на уредот, а уште поважно за тоа ќе придонесе и полесната верзија од TouchWiz која Samsung веќе одреден период се труди да ја направи поедноставна.

Извор: SamMobile, TechnoBuffalo, Ubergizmo

Претходна статијаWindows 10 Anniversary Update ќе биде достапна од јули?
Следна статијаНов програмски јазик за живите клетки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.