Кинескиот TCL, којшто го презема производството на уредите со брендот на BlackBerry, најави претставување на нова генерација од нивниот KEYone, овој пат наречен KEY2.
Првата генерација од овој уред е од средната класа и во главно е наменет за бизнис корисниците кои порано беа научени во главно на познатата физичка тастатура од BlackBerry. Популарноста на моделите со овој бренд веќе знаеме каква е со години, па интересно е што гледаме претставување на уште модели.
Новиот KEY2 ќе биде претставен во Њујорк на 7 јуни. Најавата пред десеттина дена ја објави BlackBerry преку својот Twitter профил, меѓутоа повеќе информации за уредот не се истакнати.
?2⃣ ? pic.twitter.com/t4ZF9yGfhH
— BlackBerry Mobile (@BBMobile) May 11, 2018
Најавата ја има реченицата „An Icon Reborn“ што според мене асоцира на повторно претставување на телефон со физичка тастатура.
Дали и втората генерација ќе биде од средната класа или овој пат ќе се обидат да ги привлечат и корисниците на посилни модели, ќе видиме за нешто помалку од еден месец.
BlackBerry телефоните „на времето“ беа познати, покрај по својата тастатура и по софтверот наменет во главно за деловните корисници и сигурноста која ја овозможуваше преку користење на сопствени сервери. Во денешно време тоа не би претставувало некоја предност, затоа што голем број на информации покажаа дека информациите на корисниците не се безбедни веќе на било кој сервер, а посебно не на компаниските.