samsung-galaxy-tab-s-10-5

Канадскиот производител BlackBerry за прв пат ќе соработува со друга компанија за производство на сопствен хардвер и тоа со Samsung. Ова ќе биде вториот нивни таблет, после Playbook, кој се покажа како големо промашување и се продаде во многу мали бројки.

Всушност, целосната колаборација е меѓу BlackBerry, Samsung, IBM и Secusmart. Токму последната компанија е се чини најважната во цела оваа работа, бидејќи е специјализирана за безбедни продукти од интернет напади и слично. Германската компанија е сега во сопственост и е задолжена за развојот на хардверската и софтверската заштита на таблетот, кој ќе го носи името SecuTablet.

Хардверскиот дел на таблетот е всушност Samsung Galaxy S 10.5, кој има големина на дисплејот од 10,5 инчи и е наменет пред се за бизнис корисниците. Во него ќе биде вградена специјална Secusmart Security Card картичка, која врши целосна енкрипција на гласовните пораки и испраќањето на податоци и датотеки. IBM, пак, ќе биде задолжен за сигурните апликации за работа, кои ќе бидат раздвоени од нормалните апликации.

Сепак, во цела оваа приказна се чини најмал удел има токму BlackBerry, иако производот ќе се продава под нивното име. Имено, таблетот ќе работи со Android, а не со BB10 оперативниот систем. Дали ова значи дека канадскиот производител ќе почне да продава и Android телефони, не можеме со сигурност да кажеме, но се чини дека тоа е единствениот начин да излезат од кризата во која се наоѓаат.

BlackBerry SecuTablet нема да се продава во продавниците, туку ќе се понуди на компаниите, односно државните институции, како уред кој може да овозможи високо ниво на заштита на податоците и тајните информации. А дури и да беше достапен, веројатно никој немаше да го купи, бидејќи чини астрономски 2380 долари, веројатно поради целиот софтвер за заштита кој е вграден во него.

Во моментов, Германската Влада веќе го тестира уредот и голема е веројатноста да биде првата која ќе го нарача за користење.

Извор: Ubergizmo, Engadget

Претходна статијаШто мислат машините кои мислат?
Следна статијаYahoo ви овозможува да заборавите на вашата лозинка