matt

Samsung дефинитивно ги има најголемите проблеми со кој и да било модел на паметен телефон откако се присутни на пазарот – Galaxy Note 7 може да експлодира и да направи голема штета, зависно од тоа каде се наоѓате додека се случува тоа. Корејскиот гигант веќе презема неколку мерки, како на пример брзо заменување на проблематичните уреди со нови, но сега објави и начин со кој корисниците можат да бидат сигурни дека нивниот телефон е безбеден.

Според Samsung централата од Австралија, корисниците треба само да погледнат на етикетата на телефонот. Ако на неа има големо “S” во десниот горен агол и црно квадратче во долниот десен дел на белиот правоаголник, нивниот уред е безбеден од палење или експлозија и нема да има потреба да го заменат. Доколку не изгледа вака ознаката, од Samsung советуваат веднаш да го вратите телефонот во салонот од каде сте го купиле и да земете нов, секако бесплатно.

Оваа информација за сега е потврдена само од подружницата на Samsung во Австралија и не можеме да потврдиме дека важи и за останатите пазари, но сигурен сум дека таа информација ќе ја добиеме наредниве неколку денови. Samsung планира и лансирање на IMEI датабаза, на која со IMEI бројот од вашиот телефон ќе може да проверите дали е проблематичен.

F 02_Samsung Galaxy Note7

Засега, препорака за сите корисници е да престанат да го користат телефонот – последната експлозија се случи во рацете на 6 годишно дете, кое потоа се здобило со тешки изгореници. Ситуацијата е навистина сериозна и треба да бидете исклучително претпазливи – навистина е подобро да почекате да се реши целата ситуација.

Доколку и после повикот за промена на телефоните има корисници на Galaxy Note 7 кои не ги замениле своите уреди, Samsung планира пуштање на софтверска надградба со која целосно ќе ги изгаси тие телефони и ќе ги направи неупотребливи. Ова сигурно ќе ги натера корисниците да ги сменат своите уреди.

Дали сиот овој проблем со самозапалувањето на батериите во Galaxy Note 7 ќе придонесе за долгорочна штета на производителот е тема за сериозна анализа, но според првите информации, акциите на корејската компанија веќе имаат загубено 10% од вредноста, што е голема бројка за еден конгломерат како Samsung.

explosive-start-for-samsung-galaxy-note-7-more-phones-catch-fire-while-charging-507793-4

Galaxy Note 7 инаку доби многу позитивни оценки од рецензентите, кои скоро едногласно го прогласија за најцелосниот паметен телефон произведен досега. Сепак, овој неочекуван проблем може да го докаже и спротивното и Note 7 да биде најконтроверзниот паметен телефон во историјата. Се чини дека само времето ќе покаже.

Извор: The Next Web, ARS Technica, USA Today

Претходна статијаЗемјотрес – што е тоа и што да правите кога ќе дојде пак
Следна статијаRaspberry Pi 3 accessories kit е целосно опремена верзија на микро компјутерот