Доколку помисливте дека со лансирањето на најновиот iPhone X Apple ќе престане да ги продава постарите модели, сте погрешиле – тие планираат во 2018 година да пуштат освежена верзија на најмалиот iPhone SE, смартфон кој не помина особено добро на пазарот кога беше лансиран.

Според внатрешни информации, Apple веќе договорил производството на телефонот да се одвива во фабрика на тајванскиот Wistron и дека би бил лансиран уште во првото тримесечје на 2018 година, по најниска цена од сите iPhone-и достапни на пазарот во моментов.

Сепак, од iPhone SE не очекувајте ништо спектакуларно – дисплејот и натаму ќе има само 4 инчи и делува како премногу мал за 2018 година, додека процесорот ќе биде Apple A10 Fusion од минатата година, помогнат од 2 GB рам меморија и 32, односно 128 GB простор.

Задната камера ќе има 12 мегапиксели и би требало да е доста солидна, додека предната најверојатно ќе има 5 мегапиксели. Најголем недостаток веројатно ќе биде батеријата, која има само 1.700 mAh, што е премалку за се погладните апликации за енергија, кои многу често ја користат камерата.

Засега нема информации за тоа како ќе изгледа телефонот, но искрено се сомневам дека Apple ќе направи некои поголеми промени, односно очекувајте дизајнот да е подеднаков на оној на iPhone 5, телефон од пред повеќе од 5 години.

Исто така, цената веројатно ќе изнесува од 450-500 евра, што е премногу, особено што Android конкуренцијата веќе има смартфони од високата класа по иста цена, како на пример OnePlus 5T или Xiaomi Mi 6.

Извор: Pocketnow, TechnoBuffalo, Metro

Претходна статијаTesla заврши со изградбата на батерија од 100 мегавати во Австралија
Следна статијаWilleyfox Pro е нов смартфон со Windows 10 Mobile кој апсолутно НЕ треба да го купите