Не е дека ниту една компанија нема пробано да претстави сервис сличен на TikTok, но изгледа времето на пуштање одигра главна улога во успешноста на овој сервис, меѓу другото. Сега нема компанија која е на пазарот на друштвени мрежи, па и други, да не претстави своја верзија од овој сервис за кратки видеа со можност за додавање на звуци и други ефекти.

Очекувано беше дека Facebook ќе претстави конкурент на TikTok, како и што направи преку Instagram, каде и му е местото на еден ваков сервис. Instagram Reels е сервисот кој треба да му конкурира на TikTok, па остана уште еден бренд од којшто се очекува ваков потег.

Тука мислиме на Snapchat, сервис кој веќе има, исто како што имаше и Instagram, некаков вид на креирање на видео содржина со ефекти.

Од компанијата го претставија Spotlight и со тоа официјално влегуваат во конкуренција со TikTok. Оваа нова функција која е дел од Snapchat апликацијата функционира како што би се очекувало, а корисниците имаат можност своите Spotlight видеа да ги објавуваат јавно каде останатите корисниците на мрежата ќе можат да ги гледаат преку новиот дел во апликацијата.

Snapchat пуштањето на овој нов сервис го почнува со големи очекувања за брзо популаризирање, па така тие најавија дека корисниците ќе бидат наградувани со по 1 милион долари секој ден до крајот на годината. Оваа сума ќе се дели помеѓу избраните профили, односно нема да ја добива еден корисник.

Јасно е дека изминатите години популарноста отиде кај мрежите кои функционираат на основа на слики и кратки видеа, па видеата во форматот на TikTok се логично популарни и очекувано сега достапни кај повеќето конкуренти.

Ваквите видеа се посебно популарни кај помладите, но не може да се каже дека не ги прифаќаат и постарите корисници, барем дел од нив.

Простор за повеќе конкуренти на TikTok, покрај од компаниите како Facebook, отвори и најавата за блокада на апликацијата во САД поради повторно загрозувањето на приватноста и безбедноста на корисниците и земјата.

ИЗВОРSnapchat
ИЗВОР 2Axios
Претходна статијаПоранешната еврокомесарка Вивијан Рединг го критикува исклучувањето на компаниите од изградбата на 5G мрежи само врз основа на националноста
Следна статијаSalesforce е во преговори за купување на Slack според засега неофицијални информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.