Кога ќе се земе во предвид огромната популарност на TikTok, ќе беше навистина чудно ако Instagram, односно Facebook, не направеше своја верзија од овој сервис. Веќе најавен и достапен во неколку земји како тест, од оваа недела Instagram Reels е официјално достапен за корисниците.

Сепак, од Facebook не се решија за целосно светско пуштање, па на почеток не е достапен кај нас, односно достапен е само во 50тина земји.

Како што е случајот со TikTok, Instagram Reels овозможува објава на видеа со траење од 15 секунди кои може да се направат со спојување на повеќе клипови, снимани во моментот или прикачени од телефонот. Исто така, корисникот може да ги искористи сите 15 секунди за да направи Reels видео.

При правење на Reels видео корисниците имаат можност за додавање на повеќе ефекти, како што е аудио, кое може да биде и нивно, а тука се и популарните ефект од проширената реалност. За полесно снимање Reels им овозможува на корисниците и тајмер за ситуациите кога самите се снимаат, а исто така можно е и подредување на снимките, како и избор на брзината со која ќе бидат пуштени.

Instagram Reels нема да биде посебна апликација, односно корисниците ќе можат да ги снимаат овие видеа како уште еден ефект во Instagram камерата. Кога ќе го изберат Reels, од левата страна ќе им се појават сите можности за додавање на ефекти, како што е случајот и со другите делови од камерата моментално достапни.

Кога ќе се сними видеото, корисниците ќе имаат избор каде сакаат да го споделат, па така покрај на нивниот профил, видеото ќе може да се сподели и како Story, по што ќе го снема после 24 часа како и другите вакви објави.

Корисниците кои имаат јавни профили ќе можат да го споделат своето Reels видео и на новиот дел за овие видеа во Explore, каде што останатите корисници ќе можат да ги откријат и гледаат, а од тоа што го видовме со TikTok, повеќето луѓе што снимаат вакви видеа, сакаат да бидат јавно видени.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статија(Инфографик) Сите карактеристики на новите Samsung Galaxy Note20 и Galaxy Note20 Ultra
Следна статијаОфицијален „Unboxing“ од Samsung на Galaxy Note20 Ultra
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.