smiley-1041796_640

За светскиот ден на emoji иконите, односно World Emoji Day, ќе биде претставен првиот речник за овие икони на македонски јазик.

Тоа значи дека корисниците ќе може да пребаруваат на македонски јазик и да ја најдат иконата којашто ја бараат, наместо тоа да го прават преку огромната листа на достапни икони или да пребаруваат на англиски.

Оваа можност е воведена во EmojiWorldBot ботот кој е достапен на Telegram платформата за разговори. Инаку, ботот е развиен од тим од повеќе земји, а вклучува повеќе од 70 јазици, меѓу кои сега и нашиот.

Корисниците кои ја користат оваа платформа ќе може да пребаруваат икони преку внесување на соодветниот збор на македонски јазик во разговор со ботот.

За подобрување на препознавањето на иконите ќе биде овозможена еден вид на игра преку којашто корисниците ќе ги внесуваат точните имиња на иконите. Моментално препознавањето се прави преку преведување од англиски, па можни се одредени грешки кои не биле точно преведени на нашиот јазик.

Одлична идеја која се надеваме ќе биде пренесена и на некоја од другите повеќе популарни платформи во нашата земја, како што е Facebook Messenger која исто така им поддршка за ботови.

Инаку, ботовите претставуваат компјутерски програми кои можат да одговараат на одредени прашања, а почнаа да се појавуваат со поголемиот развој на овој вид на технологија. Програмерите можат да развијат ботови за разни намени, па овој за препознавање на бараните emoji икони е еден таков пример.

Претходна статијаSpector е мал уред кој ги препознава фонтовите и боите за користење на компјутер
Следна статијаSkype ќе има возбудливи новости за корисниците на Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.