pickbox-home-1

На Pickbox не престануваат да пристигнуваат нови серии и филмови, а овој месец е особено богат со новитети. Освен серијата Моќ (Power) чии нови епизоди премиерно се прикажуваат секој понеделник, само по 24 часа од американската премиера, пристигнаа и три нови серии кои си поигруваат со таинственото, непознатото и натприродното во нашите животи. Тука е серијата Пасадена чија извршна продуцентка е Дајан Китон, Јованка Аркадиска на Барбара Хол и Чудни патишта која неодоливо потсетува на „Досиеја Икс“.

Семејните тајни во серијата Пасадена

PasadenaСеријата која требало да биде успешна наследничка на „Мелроуз Плејс“ и на „Беверли Хилс“ ја имала несреќата да почне да се прикажува само неколку недели по 11 септември и едноставно не успеала да ја привлече јавноста. Освен со одличните критики што ги добила, Пасадена може да се пофали и со оскаровката која ја режирала пилот-епизодата и е нејзина извршна продуцентка. Се работи за Дајан Китон, а некои слики и мебелот штоможат да се видат во „Пасадена“, лично ги донела од својата куќа за снимањето.
Интригантната серија уште во првите минути ни претставува едно богато семејство и нивното совршенство. Дека нејзиното семејство е далеку од совршено ќе докаже тинејџерката Лили, која е сведок на самоубиството на непознат човек во нејзината куќа. По тој кобен настан, во семејството почнуваат да излегуваат скриените тајни.

Бог разговара со тинејџерите

JOANARC-SPTI-22.tif

Барбара Хол, жената што стои зад „Државна секретарка“ и „Судијата Ејми“, во раните двеилјадити работела на серијата која е една од основоположниците на денешните фантази серии. Се работи за драмата Јованка Аркадиска (Joan of Arcadia) која се случува во еден измислен град со симболично име, Аркадија.
Оваа некогаш многу популарна серија, која ја гледале 10 милиони гледачи по епизода и која добила 4 номинации за „Еми“ и една за „Златен глобус“, ја прикажува тинејџерката Џоан Џирарди (Амбер Тамблин) чие семејство тукушто се преселило во нов град. Поради тоа што Џоан не е баш обична девојка, ќе почнат да ѝ се случуваат некои многу неверојатни работи. На пример, преку обичните луѓе ќе почне да ѝ се јавува Бог и да ѝ остава пораки. Зошто не си ја средила собата, не учела повеќе и не престанала да биде безобразна како што му ветила? Бог понекогаш има лице на мила женичка од градот, а понекогаш е тешко да се препознае неговата порака затоа што се сместил во лицето на симпатично момче од училиште.

На оваа серија совршено би можела да се примени онаа песна „What if God was one of Us“ затоа што Бог тука понекогаш баш е и непознатиот човек од автобусот.

Серија со душа која задира во непознатото

mysterious waysНатприродното, семејни теми и мистерии – тоа се трите збора со кои може да се опише серијата Чудни патишта (Mysterious Ways). Тука имаме еден универзитетски професор по антропологија (Ејдан Пасдар), една жена клинички психолог (Ре Даун Чонг), нејзината откачена пријателка (Ејлисен Даун), необјасниви феномени, необични случајности, гласови и чудни настани во фатални околности. Ако ја сакавте серијата „Досиеја Икс“ со нејзиното навлегување во непознатото и натприродното, добро ќе ви легне и оваа серија која поставува многу прашања, трага по одговори, а често и шокира со откритијата.

Претходна статијаGoogle развива нов оперативен систем кој не е базиран на Linux Kernel
Следна статијаSamsung Z2 е нов Tizen смартфон со 4G, многу ниска цена и слаби спецификации