Gmail во САД добива одлична нова можност која треба да го олесни следењето на пратките кои корисниците ги прават, нешто што во земјата е доста популарно со оглед на достапноста на производи преку Amazon и слични.

Од Google одлично го опишуваат процесот на следење на пратки од страна на повеќето корисници, односно секојдневно отворање на Gmail, барање на имејл пораката од нарачката, копирање на бројот за следење, па отворање на страната каде што ќе ја добијат саканата информација.

Gmail сега ќе ја скрати оваа практика и ќе почне да дава информации за пратката директно во сандачето. Корисниците ќе имаат кратка информација за тоа кога може да ја очекуваат нивната пратка веднаш под насловот на пораката, а ќе има и цела посебна картичка доколку се влезе во таа порака.

Следењето ќе биде поддржано за повеќето компании во земјата кои работат со достава на пратки, а Gmail ќе може да покаже и доколку некоја од нив е одложена.

Одлична функција која се надеваме дека ќе може да функционира и во нашата земја.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаWhatsApp започна со пуштање на Communities функцијата заедно со неколку новини кај разговорите и групите
Следна статијаSkyShowtime ги објави официјалните датуми за старт на програмата во Централна и Источна Европа на ексклузивен настан во Амстердам
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.