everysight-raptor-1

Забрзувате до 50 км/ч по удолница со велосипедот, ветерот свири околу вас, а чувството е како да летате авион – бесценето. Уште само да го имавте оној фенси визир кој постои во борбените авиони…

Со Raptor очилата на Everysight токму тоа ќе го имате. Се работи за спортски очила кои особено ќе бидат интересни за велосипедистите. Во нив има вграден визир, површина осетлива на допир, камера и нормално одлично дизајнирани заштитни темни стакла.

Што е специфичното тука? Најинтересната карактеристика на овој уред е неговиот визир кој е изграден од проектор кој проектира зраци на површината пред вашите очи. Преку него ќе можете да гледате информации за вашето возење како брзина, висина, локација, насоки и така натаму.

Втората најбитна карактеристика е што очилата ќе имаат сензор за поглед, па ќе можете да го контролирате корисничкото опкружување со движење на очите. Камерата, пак, ви овозможува снимање и сликање преку допирање на површината од страна на очилата.

Апликацијата за мапи ќе овозможува неколку начини на приказ, меѓу кои:

  • едноставни насоки,
  • 2Д и 3Д приказ на патеката и
  • перспектива од птичјо око за да ја анализирате околината.

Ќе постои и галерија во која ќе можете да ги прегледувате сликите кои сте ги сликнале, кои пак ќе бидат проектирани на целата визирска површина пред вас. Сензорот ќе го примети задржувањето на било која од нив и таа ќе се зголеми на целиот екран.

Уредот ќе работи на Android и според производителот цената ќе му биде „далеку под 1.000 долари“. Што точно значи тоа уште не знаеме, но се радуваме на овие очила бидејќи вградуваат визорска технологија досега резервирана за борбени авиони. Всушност, Everysight е компанија која се занимава токму со таа технологија, па не е ни чудно што решиле да се обидат да ја применат и тука. Raptor треба да излезат на пазарот во 2016 година.

Извор: TechnoBuffalo, Wearable Insider 1, 2

Претходна статијаЕве како новите Snapdragon процесори ќе го подобрат квалитетот на фотографиите и видеата кај смартфоните
Следна статијаПротечени фотографии од ZTE Nubia Z11 – заоблен екран и Snapdragon 820?