Nubia-Z11-leak_1

Кинескиот производител ZTE последниве неколку години лансираше прилично интересни телефони од високите класи, со одлична изработка и многу солидни спецификации. Сепак, најголем хит треба да биде новиот Z11, кој има заоблен екран на страните, како Edge серијата на Samsung.

Сепак, за разлика од корејскиот ултра популарен Galaxy S6 Edge, Nubia Z11 ќе има 5,2 инчен дисплеј со Quad HD дисплеј во предниот дел кој има прилично голема заобленост и скоро рамни страни, кои прават да изгледа како да плови на алуминиумската шасија. Оваа изведба ZTE ја вика “arc Refractive Conduction” и според првите фотографии, ветува во поглед на дизајнот, но на сликите не гледаме дека може да прикаже слика. Новиот Z11 исто така треба да ја има технологијата со рамка осетлива на допир, односно во овој случај заоблениот дел од дисплејот, исто како Nubia Z9.

Nubia-Z11-leak_4

Целосната алуминиумска изработка продолжува и назад, што треба да придонесе за поголема цврстина на телефонот и помалку носење на поправка доколку ви падне телефонот на тврда површина – стаклото кај Galaxy Edge во задниот дел е многу, многу нежно.

Покрај заоблениот дисплеј, Nubia Z11 треба да го има и најновиот Snapdragon 820 процесор на Qualcomm, кој треба да му донесе голема предност пред најголемите конкуренти. Процесорот ќе биде помогнат од 4 GB рам меморија, што е веќе норма во класата, додека најавено е дека капацитетот за складирање на податоци ќе изнесува 128 GB, иако се сомневам дека нема да има и изведби со помал капацитет.

Nubia-Z11-leak_2

Задната камера ќе има 20.7 мегапиксели и според тоа, веројатно ќе биде сензор на Sony или Samsung, додека предната камера ќе има 13 мегапиксели. Нормално, како и секој Android телефон од високата класа и овој ќе има читач за отпечатоци на прстите во задниот дел.

ZTE Nubia Z11 би можеле да го очекуваме во првата половина на наредната година, веројатно брзо по официјалното лансирање на Snapdragon 820.

Извор: GSMArena, Android Headlines, Digital Trends

Претходна статијаRaptor очилата ќе донесат авионски визир за велосипедистите
Следна статијаНоемвриската надградба на Windows 10 веќе не е достапна преку Media Creation Tool