Nubia-Z7

Кинескиот производител, кој е премиум филијала на ZTE, лансираше нов паметен телефон кој нема рамка од двете страни на дисплејот, но тоа не е неговата главна одлика. Напротив, ова е првиот телефон во светот кој има странична рамка осетлива на допирање, односно на „фаќање“ и овозможува различни функции и подобрувања во користењето на самиот телефон.

На пример, со лесно лизгање на палецот отстрана, може да се премине од една во друга апликација, што е одлично за корисниците кои одеднаш работат со повеќе апликации. Frame Interactive Technology, како што е наречена технологијата, овозможува и отклучување на телефонот кога ќе го фатите од страните и тоа со предефинирано фаќање, кое ќе работи само на вашата рака. Или пак, доколку го фатите телефонот со четири прсти, свртен во хоризонтална положба, се вклучува камерата. Браво!

Nubia-Z7-FiT

Надворешниот дизајн можеби неодоливо потсетува на iPhone, но не помислувајте дека се работи само за евтина копија со слаби спецификации. Под задниот поклопец се наоѓа Snapdragon 810 процесорот, помогнат од 3 GB рам во стандардниот модел, односно фантастични 4 GB рам во премиер моделот. Двата модели се разликуваат и во просторот за складирање податоци, кој изнесува 32, односно 64 GB, како и во тоа што премиум моделот има читач за отпечаток на прстот отстрана. Големината на екранот е 5,2 инчи во дијагонала, со резолуција од 1920х1080 пиксели.

И камерата е импресивна – го користи истиот сензор на Sony од 16 мегапиксели, кој се вградува во G4 и кој на првите тестови се покажа како еден од најдобрите, ако не и најдобар од сите паметени телефони. Секако, Nubia Z9 може да снима и 4K, односно Ultra HD видео. Предната камера има голем сензор со 8 мегапиксели, што е добра вест за вљубениците во селфи фотографијата. Z9 е опремен со батерија од 2900 mAh, која треба да биде доволна за повеќе од еден ден користење. За разлика од многу од конкурентите, Nubia Z9 ќе има и посебен аудио чип AMK AK4961, кој треба да извади високо квалитетен и чист звук.

Nubia-Z7-camera

Сега сигурно очекувате дека сите овие моќни спецификации ќе имаат и пониска цена, а бидејќи се работи за кинески телефон. Погрешно. Nubia сака да се позиционира како сериозен играч во највисоката класа, со висок квалитет и компоненти од највисоката класа. Следствено на тоа, цената во Кина на „обичниот“ модел изнесува 560 долари, на “Elite” моделот 645 долари, додека на “Premier Edition” 725 долари.

Извор: Engadget

Претходна статијаПијте јогурт за да бидете посреќни – Истражување на ефектот на пробиотиците врз расположението
Следна статијаНаучниците најдоа начин како да поттикнат вонтелесно искуство