За време на претставувањето на LG WING телефонот кој е прв од ваков вид на пазарот, од компанијата најавија дека наредниот телефон исто така ќе биде прв на пазарот. Наместо класичните уреди со екрани кои се превиткуваат и се затвораат, кратко кажано, како книга, LG најавува телефон чиј екран ќе се намотува, а со тоа ќе се добие и еден вид на уред на лизгање.

Оваа најава од LG воопшто не доаѓа како изненадување, посебно по претставувањето на концепт телевизорот кој се „намотува“ на својата основа, LG SIGNATURE OLED TV R.

Дефинитивно може да се замисли интерес од страна на корисниците за вакви уреди кои сигурно ќе ги има во разни форми кога ќе се усоврши технологијата за екраните кои се превиткуваат, односно намотуваат.

Поради тоа, целосно очекувано е дека производител како Samsung ќе има со што да настапи на пазарот, па поднесениот патент овој период го потврдува тоа, иако патентите не се сигурна гаранција за комерцијална достапност на таков уред.

Од патент сликите и објаснувањето, може да се види дека екранот би се намотувал во цилиндричен дел од уредот, а екранот целосно би можел да биде „собран“ внатре во цилиндарот.

Не можеме со сегашните уреди на пазарот да замислиме некој ваков уред, но како што рековме, по доволното усовршување на технологијата, сигурно ќе видиме секакви видови на уреди за разни намени.

Од Samsung во самата патент апликација истакнуваат дека вака не мора да изгледа финален производ, па јасно е дека патентирани се само клучни делови од нивната технологија.

Одлично е што гледаме дека Samsung дефинитивно размислува во овој правец, а како водечка компанија, од неа тоа и се очекува, односно се очекува како обично да настапи со комерцијален производ од некој дотогаш концепт уред.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаСо робот правосмукалките од Lenovo, до чист дом за секунди директно од вашиот смартфон
Следна статијаФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.