На само онлајн настан, LG вчера го претстави WING, првиот уред од „Explorer Project“. Се работи за иницијатива во компанијата за развој на нови уреди кои ќе направат разлика на пазарот, а LG WING дефинитивно може да се стави во таа категорија.

На самиот крај од презентацијата може да се види уред кој според текстот исто така е дел од Explorer Project. За разлика од WING, овој уред има екран кој се гледа како се „лизга“ од дел од уредот, со што се добива поголем екран. Тоа значи дека екранот се намотува, а дека LG веќе ја има развиено оваа технологија можевме да видиме од нивниот LG SIGNATURE OLED TV R, телевизор кој се собира, намотувајќи се на својата основа.

Ваков смартфон сигурно ќе го нема проблемот на свитливите екрани кои сепак на местото на превиткување имаат линија, односно фалта. Исто така, еден ваков уред сигурно би бил потенок, односно би имал дебелина како стандарден смартфон.

Кога од LG планираат да го претстават овој уред, не е познато, но се надеваме дека тоа ќе биде што поскоро.

За сличен уред веќе можевме да прочитаме од конкурентот TCL, меѓутоа ништо од тоа сега за сега не е официјално, а уште помалку претставено во некој комерцијален уред.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
  • ОЗНАКИ
  • LG
Претходна статијаSamsung го закажа „Unpacked for Every Fan“ настанот за 23-ти септември
Следна статијаРСБСП со порака: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце – Вози Велосипед
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.