Samsung почна со испраќање на покани за настан закажан за 23-ти септември со почеток во 16:00 часот. Овој настан го носи името „Unpacked for Every Fan“, па може да се каже дека не е до крај јасно што може да очекуваме.

„Компанијата Samsung Electronics во текот на годината изгради посебен однос со обожавателите на Galaxy екосистемот ширум светот. Нивните коментари и реакции за производите помогнаа за составување на автентични иновации кои што нудат корисничко искуство на повисоко ниво. Придружете ни се на 23 септември на Galaxy Unpacked for Every Fan настанот кој ќе биде достапен на Samsung.com со почеток од 16:00 часот.“ – истакнуваат од Samsung во поканата до медиумите.

Како и секогаш, тука се неофицијалните информации да не дадат насока барем за што може да очекуваме, па за овој настан тие говорат дека треба да ја очекуваме „Fan“ верзијата од Galaxy S20.

Од овој можен уред веќе можевме да видиме неофицијални слики, а се најавува како еден вид на „лајт“ верзија од Galaxy S20 серијата, која сепак ќе понуди доста добри карактеристики.

Што точно ќе претстави Samsung на „Unpacked for Every Fan“ ќе дознаеме за една недела, а како и секогаш веруваме дека ќе биде нешто што ќе им овозможи на корисниците дополнителен и одличен избор.

Претходна статијаMicrosoft го извади подводниот дата центар и заклучи дека овој концепт е исплатлив и практичен
Следна статијаНаредниот смартфон од LG ќе биде на „лизгање“ со екран кој се намотува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.