Живееме во време кога телевизорите стануваат се поголеми, а поради малите рамки околу екранот, сите ние се решаваме за што поголем екран за разлика од порано. Тука како фактор се разбира е и поголемата резолуција која овозможува одличен квалитет на големите екрани.

Меѓутоа, не сите би сакале да нивниот огромен телевизор биде главниот предмет кој привлекува внимание во дневната соба. Телевизорот е добро да е што поголем и да овозможи одлично искуство при гледање на филмови, серии, спорт и друго, меѓутоа без притоа собата да се претвори во мини кино сала.

Иако повеќето производители се обидуваат да го постигнат ова, па претставуваат се потенки телевизори, како и такви кои треба да личат на рамка за слика, па кога веќе се гледаат, да бидат и еден вид на украс, сепак LG го има досега најдоброто решение.

LG SIGNATURE OLED TV R е телевизорот за кој јас би почнал уште од сега да штедам, но сепак ќе чини повеќе од сумата што повеќето во Македонија ја плаќаат за автомобили на старо.

Овој телевизор кога не се користи изгледа како комода за телевизор, меѓутоа без телевизорот. Тоа е така затоа што неговиот екран е еластичен, односно се замотува и со тоа се сокрива во неговата основа.

Основата на телевизорот, покрај тоа што ги чува компонентите, е и звучник којшто треба да овозможи одличен звук, односно звук како со некој од подобрите soundbar уреди.

Инаку, се работи за 4K OLED телевизор којшто треба да ја овозможи една од најдобрите слики, со оглед на технологијата во која е направен. Иако не може уште сега да знаеме, од тоа што може да се види, екранот воопшто не се разликува од стандарден телевизор кога е одмотан.

Покрај можноста за целосно прикажување на екранот, како и негово сокривање, овој телевизор овозможува и делумно негово прикажување, односно одмотување, со цел гледање на временската прогноза, музичката листа и слично.

Се разбира, кога е целосно сокриен, тој повторно може да се користи, за слушање на музика, односно како класичен звучник.

Повеќе детали за LG SIGNATURE OLED TV R можете да погледнете на официјалната страна од LG, како и на видеото во продолжение.

ИЗВОРLG
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаASUS ZenBook S13 е лаптоп со досега најмалите рамки околу екранот
Следна статијаSamsung Galaxy S10 lite ќе дојде со процесор од највисоката класа како и другите два модели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.