screenshot.45

Microsoft почна се почесто да ги пушта надградбите за компјутерската верзија на Windows 10 Technical Preview, со чести подобрувања во апликациите и ситни промени во изгледот на оперативниот систем. Новиот Build 10061 донесува нова Outlook апликација, која сега изгледа скоро исто како кај Android и iOS платформите.

Имено, во оваа верзија, Outlook ги добива оптимизациите за работа со допир, како на пример можноста за “swipe” лево или десно за да се избрише, односно да се означи мејлот, слично како мејл апликацијата на Apple во iOS. Сепак, тука корисникот ќе може лично да подеси што ќе се случи со истиот “swipe”, односно да ги смени почетните подесувања. Апликацијата целосно поддржува и Gmail, IMAP, POP3 и Exchange интеграција, покрај стандардната Microsoft.

windows10mailcalendarapps9_1020.0

Изгледот на апликацијата пак целосно го следи дизајнерскиот јазик кој ќе биде претставен со Windows 10, со користење на повеќе бои. Покрај Outlook Mail, претставена беше и новата Calendar апликација, која исто така го добива новиот дизајн, а има и многу почист изглед и е поинтуитивна за користење. Бидејќи во основа се работи за истата апликација, корисникот ќе може лесно да се префрла од пораките кон календарот само преку едно копче.

За прв пат во оваа верзија, Microsoft ќе им овозможи на корисниците да ја сменат големината на старт менито, кое, да потсетиме, ги содржи познатите живи плочки од Windows 8. Забележливи се и некои минимални визуелни промени, кои полека но сигурно прават Windows 10 да изгледа почисто и помодерно од својот претходник.

windows_10_preview_calendar-100580973-large

Оние кои го користат и екранот на допир на својот лаптоп, или пак го користат како таблет, ќе ги израдува фактот што во таквиот мод на користење, копчињата во таскбарот ќе бидат поголеми, како на пример Start копчето, или пак она за лансирање на личниот асистент, Cortana. Подобрувања има и за десктоп корисниците: бројот на виртуелни десктопи, кои за прв пат ги има во Windows, сега е неограничен, за разлика од претходната Technical Preview верзија, каде можеше да се стават максимум четири.

Бидејќи и натаму има багови и не може целосно да се користи како замена за стабилен оперативен систем и оваа верзија би ја препорачале само на најхрабрите, односно оние кои вистински имаат потреба од тоа да видат како работи Windows 10. За другите, оперативниот систем треба да пристигне летово и ќе биде достапен како бесплатна надградба за Windows 7 и Windows 8.1, дури и за оние со пиратска копија.

windows10mailcalendarapps7_1020.0

Извор: PCWorld, The Verge, TechRadar

Претходна статијаOnePlus One сега достапен глобално и за секого
Следна статијаAsus UX501 е супер моќен лаптоп со исклучителен 4K дисплеј